12 МАЈ-МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ.

ГАБРИЕЛА ИВАНОВСКА, ДАНИЕЛА УЗУНОВА И СУЗАНА ЧАКАЛОВА, МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ ОД ОПШТАТА БОЛНИЦА ГЕВГЕЛИЈА:
 
„НИЕ НЕ СМЕ АНГЕЛИ НИТУ СУПЕРХЕРОИ, НО СО СИТЕ КОЛЕШКИ ОД НАШАТА БОЛНИЦА ПОМИНАВМЕ ДВЕ ТЕШКИ ГОДИНИ ВО ПРВИТЕ РЕДОВИ НА БОРБАТА ПРОТИВ КОВИД-19 И ПОКАЖАВМЕ ДЕКА СМЕ РБЕТОТ НА СЕКОЈА ЗДРАВСТВЕНА УСТАНОВА“
 
Мај е месец на два важни датуми за медицинските сестри – 5 мај Меѓународниот ден на акушерките и 12 мај Меѓународниот ден на медицинските сестри. Оваа година Неделата на сестринството се одбележува под мотото „Медицинските сестри-глас што води.
 
Телевизија Нова 12 на сите медицински сестри од Општата болница со проширена дејност во Гевгелија им го честита Меѓународниот ден на сестринството, им посакува добро здравје пред се и издржливост во благородната мисија што секојдневно ја имаат, грижејќи се за нашето здравје, но пред се и за здравјето свое и на своите најблиски.
 
Меѓународниот ден на медицинските сестри се прославува во целиот свет секој 12 мај на годишнината од раѓањето на Флоренс Најтингел, основач на модерната професија на медицинската сестра.
 
Пандемијата со ковид-19,на почетокот на 2020 година, го смени светот: начинот на кој живееме, на кој се дружиме, работиме, комуницираме едни со други и начинот на кој обезбедуваме здравствена нега, вели нашата соговорничка. Тоа ја зголеми видливоста на медицинските сестри како никогаш порано и подвлече дека медицинските сестри и акушерки се рбетот на секоја здравствена установа.
 
Медицинските сестри Габриела Ивановска, Даниела Узунова и Сузана Чакалова, беа првите медицински сестри од Општата болница Гевгелија, кои на почетокот на пандемијата беа испратени на испомош во ГОБ „8-ми Септември во Скопје. Тие, може да кажеме беа првите здравствени работници од Гевгелија кои се „погледнаа“ лице во лице со страшниот „ковид-19“на ковид-19 , и без двоумење стапнаа во првите редови на оваа пандемија, работеа на едукација, истражување, спречување, лекување и грижа за тешко болните пациенти, со сочувство, нега, еластичност, креативност и големи лидерски способности.
 
Кога деновиве ги побаравме за да го чуеме нивното мислење за тоа како, од двегодишна дистанца гледаат на времето поминато во ГОБ „8-МИ Септември“, и воопшто на двегодишната битка со болеста во Ковид модуларната болница во Гевгелија, тие одговараа заедно речиси во ист глас. Еве што ни кажаа како им било кога за прв пат влегоа низ вратите на ковид болницата, имаа ли одредена доза на страв, бидејќи се работеше за непознат и исклучително инфективен вирус.
 
„ Кога прв пат влеговме да даваме дежурство, после кусата обука, ни се чинеше дека влегуваме во самиот пекол и дека учествуваме во една маратонска здравствена битка со опасниот вирус, во која битка се вложивме себе си и сето наше знаење, беспоштедно, со последниот атом на силата да спасиме, ако можеме, што повеќе човечки животи, и да ги оттргнеме од канџите на смртта. 
Имаше пациенти од сите возрасти.
Нашата работа, велат тие, како и во секое друго одделение,беше да се грижиме за нив. Беа тоа морничави и бескрајни денови и ноќи, кога гледавме пациенти кои буквално се бореа да земат здив,да и „побегнат“ на корона прегратката. Тогаш, секоја од нас, не мислеше на себе и своето здравје, често трчавме да помогнеме на сите оние седумдесеттина тешко заболени пациенти, заборавајки дека освен маската и мантилот ја немаме облечено целата заштитна облека. 
 
Со единствена цел да бидеме побрзи од смртта. Кога ќе оздравеше некој од пациентите, се радувавме како мали деца, но најтешко психички и емотивно ни беше кога го губевме пациентот и кога тој ни умираше во нашите раце. Тогаш проработуваа емоциите, и пуштајки солзи, се прашувавме со нем поглед зошто мораше да биде така.
 
Зошто мораше оваа налудничава пандемија на многу наши семејства да им ги одземе најмилите, зошто и многу наши колешки и здравствени работници ја изгубија битката со ковид-19. Тие ги нема, но остануваат за секогаш во нашите мисли. Не можеме да си го дадеме одговорот на ова, но можеме да кажеме дека сите ние, медицинските сестри, докторите и другите здравствени работници бевме оние тивките херои кои успешно , без да се предаваме, ја поминавме сета таа голгота и успешно го истрчавме двегодишниот здравствен маратон. Би посакале ова никогаш повеќе да не се повтори. Но, доколку е потребно, повторно сме подготвени да го трчаме истиот маратон, со една цел, да ја добиеме конечно битката со оваа пандемија.“

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *