2 АПРИЛ-МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ЛИЦАТА СО АУТИЗАМ

ВО УСЛОВИ КОГА НЕ ПОСТОИ ЛЕК ЗА АУТИЗМОТ, НАЈВАЖНО Е ОВИЕ ДЕЦА ДА БИДАТ ОПКРУЖЕНИ СО ЉУБОВ И РАЗБИРАЊЕ
 
Ден кој нè потсетува дека околку нас има лица кои не смееме да ги заборавиме и лишиме од општесвените процеси, од времето и просторот кои им се потребни.
„На овој светски ден за свесност за аутизмот, сите да учествуваме во менување на ставовите кон лицата со аутизам и во признавањето на нивните права како граѓани кои, како и сите други, имаат право да ги бараат тие права и да донесуваат одлуки за нивниот живот во согласност со своја волја и желби.
 
Во Македонија се уште нема регистар за луѓето со аутизам, но според светската состојба која кажува дека на 166 луѓе има еден со аутизам, тоа значи дека кај нас има околу 12000 и оваа голема бројка не смее да се занемари.
За семејствата што живеат со оваа состојба, секој ден е ден на аутизмот. „Секој ден, велат тие, за нас е борба со предрасудите и дискриминацијата. Во нашето општество се’ уште постои стигма и ниска развиена свест за прифаќање на различните по било кој основ. 
 
Родителите на децата со аутизам имаат проблеми да ги вклучат своите деца во образовниот процес почнувајќи од најмалата возраст односно од градинка па нагоре. Системот не е спремен за целосна инклузија. Последните години се прават чекори и има подобрувања во таа сфера, но се’ уште сме далеку од потребното ниво. Родителите стареат, децата растат и секогаш постои најделикатното прашање што ќе биде со тие деца после ?

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *