20 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ДОАЈЕНОТ НА МАКЕДОНСКОТО РАДИО ВОДИТЕЛСТВО, ЃОКО ЃОРГИЕВ

На 20 октомври 2003 година почина Ѓоко Георгиев, водителот на првите контактни емисии на Македонското радио “Три гонга” и “Средби низ музика”. Тој ќе остане запаметен и како автор на 3.000 текстови за поп-музика, и соработник-новинар во „Нова Македонија“, „Вечер“, „Журнал“ и „Екран“. Роден е во 1926 година во Битола
Беше еден од клучните луѓе и најмаркантните личности на македонската забавно-музичка естрада, особено во нејзините најрани денови.
 
Бил директор на првите Скопски фестивали на забавна музика, долгогодишен уредник на Редакцијата за забавна музика при Радио Скопје. Со својот специфичен глас тој буквално успеваше да закова пред радиоприемниците огромен аудиториум и како таков беше присутен речиси во секој дом, следен со страст од многу генерации. Меѓу другото, Ѓоко Ѓеоргиев е добитник на низа најпрестижни признанија од оваа област, како и носител на Наградата за животно дело, која слушателите на Радио Буба Мара му ја доделија во 1999 година. Почина на 20.10.2003 година

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *