30 МАЈ – СВЕТСКИОТ ДЕН НА МУЛТИПЛА СКЛЕРОЗА

Темата на Светскиот ден на МС во 2022 година е „Конекции“. Четиригодишната глобална тема (2020 – 2023) има за цел да изгради поврзаност во заедницата, самоповрзување со цел добивање на квалитетна нега.
 
Мултипла склероза (МС) е една од најчестите невролошки нарушувања и причини за инвалидитет кај младите возрасни лица. Тоа е хронична, прогресивна, имунолошки посредувана, воспалителна и дегенеративна болест на централниот нервен систем.
 
Во Република Македонија секоја година се дијагностицираат околу 90-120 нови лица со МС, додека вкупно од МС боледуваат повеќе од 1.500 лица. Во светот има повеќе од 2,8 милиони лица кои живеат со МС. Многу е веројатно дека стотици илјади лица остануваат недијагностицирани и многу животи се индиректно зафатени. Повеќето лица со МС се дијагностицираат на возраст од 20 до 40 година, и околу два-три пати почесто се дијагностицираат жени наспроти мажи.
 
Причината за МС сеуште не е позната и до сега не постои лек, но постојат лекови кои можат да им помогнат на лицата со МС да ја стават болеста под контрола и постојат многу опции за подобрување и управување со симптомите.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *