39 ГОДИНИШНИНА ОД КОНЦЕРТОТ ЗА ГЛАДНИТЕ ВО ЕТИОПИЈА „LIVE AID“, ДЕНОТ КОГА РОКЕНРОЛОТ ГО СМЕНИ СВЕТОТ

Неверојатно.Неповторливо. Незаборавно.
Се сеќавам, беше сабота, 13 јули 1985 година. Се сеќавам и како беше најавен овој до тогаш невиден музички, телевизиски и хуманитарен спектакл, за гладните во Етиопија, кој до тогаш можевме само да го сонуваме во нашите млади рокерски глави.

Водителот најави, Пладне е во Лондон, 7 наутро во Филаделфија, а низ целиот свет е време за „Live aid“. И, тогаш стана лудница, со широко отворени очи, не помислувајќи да се помрднам од пред екранот, освен, нормално за неопходните физиолошки потреби, пред мене се одвиваше историја, организирана од Боб Гелдоф, кој потоа од кралицата доби титула сер. И, заслужи човекот. На телевизиските екрани се редеа тогаш најголемите светски рок и поп ѕвезди. 

А, кога сето тоа заврши, ненаспан и од премногу гледање во екранот, пред очите ми играа вистински ѕвезди. Но, не се жалев тогаш, затоа што бев еден од околу 2 милијарди гледачи во светот, и што знаев дека еден ден на моите деца ќе можам да им кажам, да, вашиот татко присуствуваше на историски концерт, кој никогаш потоа не беше повторен, а тешко да ќе биде повторен и во иднината.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *