7 МАЈ – ДЕН НА МАКЕДОНСКАТА ПОЛИЦИЈА.

По повод 7 Мај, Денот на македонската полиција, свежо цвеќе на спомен обележјето на загинатите припадници на безбедносните сили, положи делегација од полициски службеници, а во име на сите вработени во ОВР Гевгелија.
Инаку, со одлука на Владата на Република Македонија од 20 април 1993 година, 7 Мај е востановен како Ден на македонската полиција, наместо дотогашниот 13 мај.
Овој датум е избран за Ден на македонската полиција од Владата на тогашниот премиер Никола Кљусев, во чест денот од 1903 година кога на Смилевскиот конгрес на ТМОРО била извршена реорганизација на власта и безбедноста.
Смилевскиот конгрес се одржал од 2 до 7 мај 1903 година, а најголемиот број од делегатите веќе на 30 април се собрале во демирхисарското село Смилево.
Затоа месното раководно тело, на чело претседателот Георги Чуранов, го мобилизирал целото село и на сите мажи и жени им доверил соодветни задачи.
Дел од месната вооружена сила, деноноќно ја вардела целата околина, а стотина души вооружени смилевци биле на нозе внатре во селото.
Одделенија од по три-четири комити биле поставени по сите соседни села на Смилево. Невидливи стражари од сите села меѓу Смилево и Битола деноноќно внимавале, формирајќи жив телеграф за предавање на било какво сомнително движење откај вилаетскиот центар.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *