8-МИ ОКТОМВРИ, МЕЃУНАРОДЕН ДЕН ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА УНИШТУВАЊЕ НА ПРИРОДАТА

Одржувањето на чиста и здрава животна средина е сечија одговорност токму затоа на 8-ми Октомври – Меѓународниот ден за намалување на уништувањето на природата, Ве потсетуваме дека од нас, луѓето, зависи чистотата на нашата непосредна животна средина во која живееме, како и судбината на планетата Земја, нашиот единствен дом..

Рационалното искористување на природните ресурси и чувањето на биолошката разновидност на нашата планета се од највисоко значење за нејзиниот опстанок. За да имаме здрава планета за здрави поколенија неопходно е да ја одржиме чиста почвата, водата и возухот. За жал човекот во денешно време со своите активности ја менува природата и ги загрозува природните ресурси.

Загадувањето на воздухот, загадување на реките преку отпадните води, уништувањето на шумите, изградбата на каменоломите, несоодветното справување со отпад, како и уништување на животинскиот свет, го стимулираат процесот на уништување на природата.
 
Правото на чиста и здрава животна средина е фундаментално граѓанско право чие целосно и доследно почитување претставува услов за подобро здравје, поквалитетен и подолг живот на граѓаните. Затоа секој граѓанин е подеднакво должен да го штити, чува и унапредува природниот екосистем !!!!

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *