ПОКАЖАВМЕ ОВИЕ 100 ДЕНА ДЕКА УМЕЕМЕ И МОЖЕМЕ

МИЦКОСКИ ОД ГЕВГЕЛИЈА:

ПОКАЖАВМЕ ОВИЕ 100 ДЕНА ДЕКА УМЕЕМЕ И МОЖЕМЕ. ИМ ПОРАЧА НА ВЛАСТА ДЕКА НАШИОТ НАРОД НЕ Е НИТУ ПРОРУСКИ НИТУ ПРОУКРАИНСКИ, ТУКУ Е ПРОМАКЕДОНСКИ.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска присуствуваше во Гевгелија, каде што во големата сала на Народниот театар градоначалниците од Гевгелија, Радовиш, Конче, Босилово, Василево и Ново Село јавно даваа отчет пред граѓаните за сработеното во првите 100 дена од нивните градоначалнички мандати.

Во своето воведно обраќање меѓу другото тој истакна:

„Од овие од повеќе 1.000 проекти кои се започнаа со реализација, дури 166 се капитални објекти низ целата територија на Македонија, рече во своето 

Започнати се со проектирање, градба или реконструкција нови 33 градинки и 68 училишта. Точно 206 улици и патишта, тие улици и патишта се градат или реконструираат со вкупна должина од околу 100 километри. Се инвестира во градба на 111 водоводи и канализации, 96 игралишта и паркови. И расчистени се повеќе од 200 депонии.“

Мицкоски се осврна и на бројните неодговорни изјави на претставници од власта впо однос на случувањата во Украина, со кои го делат народот на тие коишто се Украина и тие коишто се Русија.

„Ставот на ВМРО ДПМНЕ е јасен, а тој значи поддршка за мирот во Украина и на територијалниот интегритет на оваа независна и суверена држава.

Но, и на Ковачевски, и на Пендаровски, како и на оние кои се платени позади тастатурата да делат би им порачал дека народот не ни е проруски, ниту проукраински, нашиот народ е промакедонски, затоа што ние, а и тие кои го делат народот треба да работат исклучиво и само за еден интерес, а тоа емакедонскиот интерес.“

Затоа, сакам овде од Гевгелија да предупредам на еден инженеринг кој денеска се почесто е присутен во јавноста, кој што оваа власт на заминување предводена од дружината СДСМ и ДУИ сака да го спроеведе.

Прво, за нешто што се случува неколку илјади километри далеку од Македонија сакаат да го поделат народот, да не мисли народот на сиромаштијата која тоне, да не мисли за поскапите горива, да не мисли за поскапата струја, да не мисли за поскапиот леб, земјоделецот да не мисли на родот кој остана ненабран и непродаден, да не мисли за катастрофата во здравството, хаосот во образованието, туку да мисли некаде таму далеку нешто што се случува. Наместо да бидеме фокусирани на тоа што е наш проблем и тоа што треба да биде наша домашна грижа, да се грижиме за Македонецот, да се грижиме за граѓанинот на Македонија, тие прават одвлекување на вниеманието и дефокус на теми коишто ниту еден од вас не ги засега., рече на крајот Мицкоски

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *