ПОВАРДАРСКАТА ЕПАРХИЈА СО ХУМАНИТАРНА АКЦИЈА ЗА СОБИРАЊЕ НА ПРЕХРАМБЕНИ И ТЕКСТИЛНИ ПРОИЗВОДИ, СРЕДСТВА ЗА ХИГИЕНА И ДОНАЦИИ ЗА УКРАИНСКИОТ НАРОД

Возљубени чеда во Христа Спасителот,

Со голема тага ги следиме случувањата во Украина, каде се води братоубиствена војна помеѓу нашите братски, словенски и православни народи од Украина и Русија. Она кое не можеме да го сопреме во овој момент е овој неверувачки воен поход, но она кое можеме да го направиме е да ги упатиме сите нашите молитви за покој на душите на бројните жртви од оваа војна, како и за што поскоро завршување на овој невиден хаос и повторно утврдување на мирот како неприкосновен општествен поредок.

Повардарската епархија веќе започна со собирање на потребни средства за братскиот украински народ во вид на прехранбени производи со подолг рок на траење, средства за хигиена, текстилни производи (ќебиња, постелнина, крпи, чорапи), пелени за бебиња и слично. 

Затоа упатуваме апел до сите наши духовни чеда да се вклучат во оваа акција за обезбедување на хуманитарна и финансиска помош за украинскиот народ.

Сметката на која може да ги уплатите вашите донирани средства е 210040688821710 НЛБ Тутунска Банка.

Црквите во кои можете да ги донесете овие средства се:

Велес: „Св. Кирил и Методиј“ и „Успение на Пресвета Богородица“

Кавадарци: „Света Петка“ и „Св. вмч. Димитриј“

Неготино: „Св. Атанасиј“

Демир Капија: „Успение на Пресвета Богородица“

Гевгелија: „Св. Кирил и Методиј“ и „Св. Спас“

Валандово: „Св. вмч. Димитриј“

Богданци: „Св. Атанасиј“

Се задолжуваат сите парохиски свештеници од наведените цркви да ги примат и соодветно да ги чуваат овие производи до моментот на дистрибуција, кој дополнително ќе биде објавен.

Нека Семилостивиот Бог, Господ Исус Христос, ги услиша нашите молитви за мир и благосостојба на сите.

Митрополит Повардарски

г. Агатангел

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *