УСОГЛАСУВАЊЕ НА ПЕНЗИИТЕ ЌЕ СЕ ВРШИ ДВА ПАТИ ГОДИШНО ПО ШВАЈЦАРСКИ МОДЕЛ

Според новата методологија која е усвоена според швајцарскиот модел, усогласувањето на пензиите ќе се врзе за порастот на трошоците за живот со 50%, и за просечна плата, исто така во висина од 50%.
Усогласувањето на пензиите ќе се врши два пати во годината, односно тогаш кога Заводот за статистика ги дава официјалните податоци.
 
Освен новата методологија, постигнат е договор и за пакет интервентна финансиска помош за пензионерите од по 1000 денари во месеците април, мај и јуни.
 
Ова е постигнато на вчерашниот состанок на кој учествуваа и заменик претседателот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, со сите засегнати страни, вклучувајќи го и Сојузот на пензионерите и Партијата на пензионерите.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *