7 АПРИЛ-СВЕТСКИ ДЕН НА ЗДРАВЈЕТО

„НАША ПЛАНЕТА, НАШЕ ЗДРАВЈЕ“-13 МИЛИОНИ ЛУЃЕ УМИРААТ СЕКОЈА ГОДИНА ПОРАДИ ЗАГАДЕН ВОЗДУХ И ЗАГАДЕНА ВОДА
 
Светскиот ден на здравјето се одбележува на 7 април секоја година под покровителство на Светската здравствена организација. Овогодинешната тема на Светскиот ден на здравјето е слоганот „Наша планета, наше здравје“
Најголемите проблеми во светот се лошото здравје и прераната смрт предизвикана од биолошки агенси во човековата средина во водата, храната, воздухот и почвата. Тие придонесуваат за прерана смрт на милиони луѓе, главно доенчиња и деца, како и за лошо здравје или инвалидитет на уште стотици милиони.
Здравјето зависи од нашата способност да ја разбереме и управуваме интеракцијата помеѓу човековите активности и физичката и биолошката средина. Имаме знаење за ова, но не успеваме да дејствуваме на правилен начин, иако имаме ресурси за одржливо да ги задоволиме сегашните и идните потреби.
Во време на пандемија, загадена планета, болести коишто се во постојан пораст како рак, астма, срцеви заболувања, на Светскиот ден на здравјето во 2022 година, СЗО ќе го фокусира глобалното внимание на итните активности потребни за одржување на здравјето на луѓето и целата планета, како и за поттикнување на движењето за создавање општества фокусирани на благосостојба.
Целта е да се сврти вниманието на граѓаните на важноста од зачувување на природата и спречување на негативните последици по животната средина, односно да се предупреди за опасностите по живот на Земјата, екосистемите и урбаните области поради индустрискиот развој, зголемената потрошувачка на енергија, глобалното затоплување и климатските промени, со цел светското население да стане свесно за својата одговорност кон планетата на кој живее.
СЗО проценува дека повеќе од 13 милиони смртни случаи ширум светот секоја година се должат на еколошки причини што може да се избегнат. Ова пред се, се однесува на климатската криза која е единствената најголема здравствена закана со која се соочува човештвото. Всушност, климатската криза е и здравствена криза.
Луѓето несомнено ја нарушија рамнотежата на природата и како резултат на тоа, светот се соочува со највисока стапка на истребување.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *