МАСКИТЕ ПАДНАА, КОРОНАТА УШТЕ НЕ СЕ ДАВА.ВО ГЕВГЕЛИЈА АКТИВНИ СЕ САМО 14 СЛУЧАИ.

Откако претпладнето Главниот координативен кризен штаб (ГККШ) ги усвои заклучоците од Комисијата за заразни болести, и Владата на денешната редовна седници ги донесе новите ковид-мерки со кои меѓу другото се укинува носењето маски на затворено.
 
Со новите владини одлуки се укинува мерката за задолжително носење маски во затворeни простории освен во здравствени домови, аптеки, јавни превозни средства (автобус, воз, авион, такси), установите за згрижување на стари лица и лица со посебни потреби; учениците од средните училишта да следат настава со физичко присуство без задолжително носење на заштитни маски.
 
Исто така, се укинува забраната за организирање екскурзии и настава во природа во основните и средните училишта и се дозволува работата со физичко присуство на лекарските комисии за утврдување на надоместоци за попреченост и комисиите за утврдување право на помош и нега од друго лице.
 
Што се однесува до состојбата со Ковид-19 во Македонија, бројот на позитивни случаи бележи намалување за 31% во однос на минатата недела, а процентот на позитивност е во просек од 7,3 %.
Моментално во Гевгелија има активни само 14 случаи.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *