ПО СТАПКИТЕ НА… ПРОФЕСОРОТ ТОМЕ МАНЧЕВ – СЕ ОДРЖА ОМАЖ НА НЕГОВИОТ ЛИК И ДЕЛО

Настанот “По стапките на… проф. д-р sci Томе Манчев” претставува своевиден омаж на ликот, делото и значењето на неодамна починатиот, исклучителен македонски композитор Томе Манчев. Настанот се одржа вчера, среда на 27 април во Кинотеката во Скопје.
 
Негово мото беше да се создаде високо квалитетно и уметничко дело со моќна експресија, високо ниво на психо-енергија, совршено композициско-техничко обликување, но и дело што ќе успее да го “предаде” како граѓанин на Македонија. Всушност, дејноста преку која овој композитор ќе остане особено запаметен е неговата педагогија на сите степени на образование – од средно образование до докторски студии. Омажот е симболично навраќање конципирано преку делата на неговите студенти по композиција. Составен е од композициски начела на сега веќе реномирани творци, поранешни студенти по композиција, дела создадени под менторство на проф. д-р sci Томе Манчев.
Омажот “По стапките на…” е посветен на проф. д-р sci Томе Манчев од неговите докторанти, поширокото семејство и почитувачи на неговата музика и дејност.
 
Музички композиции:
 
Валентина Велковска – Трајановска – Исон – Симфониска Поема
Горан Начевски – 7 Звуци на Осаменост – 7 Афоризми за Пијано
Михајло Штерјев – Allusioni Marini
Вулнет Таири – Симфонија бр. 15
Борис Светиев – Concert Etudes for Piano and Symphonic Orchestra
Микс: Martchin
Снимано во Музичко Продуцентско Студио “Алшар” – Скопје
Визуелизации: Петар Џон
Колор Корекција: Илија Павлов

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *