ВО 2021 ГОДИНА СОЗДАДЕНИ 896 066 ТОНИ КОМУНАЛЕН ОТПАД, СОБРАНИ 632 087 ТОНИ.

Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупното количество на собран комунален отпад во Република Северна Македонија во 2021 година изнесува 632 087 тони. Споредено со 2020 година, вкупното количество на собран комунален отпад во 2021 година бележи зголемување од 0.3 %.
 
Најголемо количество на собран комунален отпад е забележано во Скопскиот Регион – 176 917 тони или 28.0 % од вкупното собрано количество. Од вкупното количество на собран комунален отпад, 528 261 тон или 84 % се собрани од домаќинствата, а останатите 16 % од правни и физички лица (комерцијален отпад).
 
Според видовите отпад, најголемо количество на собран отпад е измешаниот комунален отпад – 522 914 тони или 82.7 %, а најмало количество има отпадот од гума – 1 598 тони или 0.3 % од вкупното количество собран комунален отпад.
 
Вкупното количество на создаден комунален отпад во 2021 година изнесува 896 066 тони. Годишното количество на создаден комунален отпад по жител во 2021 година изнесува 452 кг, исто како и во 2020 година.
Најголемото количество на собран комунален отпад (99.8 %) се исфрла на депонија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *