ВО ВТОРАТА ЕКОЛОШКА АКЦИЈА „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“ ВО МАЈ ЌЕ СЕ ЧИСТАТ 26 ОПШТИНИ, МЕЃУ КОИ И ГЕВГЕЛИЈА

Дваесет и шест општини ќе бидат вклучени во големата годишна еколошка акција „Генералка викенд“, што ќе се спроведе од 6 до 8 мај. Зад проектот стојат „Man and Mountain“ продукција, ПАКОМАК, Министерството за животна средина, Министерството за земјоделиe и шумарство, а проектот е поддржан е и од Делегацијата на Европската Унија.
 
Во минатогодишната акција тие ангажираа „армија“ од 1.000 чистачи, при што за три дена беа собрани над 175 тони отпад.Една година подоцна, во 2022 година „Генералка викенд“ најавува учество на 6.000 волонтери.
„Ова е единствената акција во која се вклучени сите слоеви на општеството, кои ја чистат нивната непосредна околина со една цел: собирање на отпадот од минатото и рециклирање во зелена иднина за нас и за идните генерации“, велат организаторите.
 
Со акцијата ќе бидат опфатени општините Аеродром, Берово, Битола, Град Скопје, Ѓорче Петров, Кавадарци, Кратово, Крива Паланка, Куманово, Сарај, Теарце, Велес, Валандово, Босилово, Демир Капија, Гостивар, Крушево, Охрид, Прилеп, Тетово, Штип, Гевгелија, Конче и Струмица. На 9 мај ќе има специјална акција во Дебар, а на 17/18 мај во Шуто Оризари.
Планирано е за секои десет килограми собран отпад да се посади едно дрво.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *