ДРАСТИЧНО НАМАЛЕНИ СЕКСУАЛНО ПРЕНОСЛИВИТЕ БОЛЕСТИ

Институтот за јавно здравје укажува дека лани бил регистриран најмал број случаи на лица заболени од заразни болести во последните 70 години, што се должи на пандемијата на ковид-19.
Во однос на 2020 година, нивното намалување е за 40,7 отсто. Бил регистриран драстично помал број заразени со сексуално преносливи болести, односно имало 34 случаи на кламидија, пет на сифилис и ниту едно лице заразено со гонореја. Помал бил бројот и на лицата со грип, туберкулоза, ХИВ/СИДА, хронични хепатити… Лани, ниту едно лице во Македонија не се заразило со маларија, додека случај на конго-кримска хеморагична треска не е регистриран од 2010 година.
Според микробиолозите, лани, во нивните лаборатории биле регистрирани многу малку наоди на сексуално преносливи зарази. Како што велат, ваквата состојба, пред сè, се должи на ограниченото движење и преземените мерки поради короната.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *