ПOБЕДНИК НА ОБНОВЕНИОТ ФЕСТИВАЛ „БЕЛГРАДСКА ПРОЛЕТ 2022“ Е ТОНИ ЦЕТИНСКИ СО ПЕСНАТА „ ЈА ЧУВАМ ЉУБОВТА“.

НАЈДОБРАТА КОМПОЗИЦИЈА ЈА ИЗВЕДЕ КРИСТИЈАН РАХИМОВСКИ( СИНОТ НА АКИ РАХИМОВСКИ)
Фестивалот „Белградска пролет“, по пауза од 22 години повторно беше организиран на 29 април 2022 година во салата Комбанк (поранешен Дом на синдикати). На овој фестивал кој на времето беше во рангот на „Сан Ремо“ продефилираа 18 изведувачи. Сите избрани изведувачи на фестивалот беа придружувани од Ревискиот оркестар на РТС, а по фестивалот ПГП РТС ќе објави компилациско издание, како во форма на ЦД, така и на дигитални платформи за слушање музика
Меѓу 18-те изведувачи кои ги видовме на овој фестивал, сосема очекувано, беа многу познати имиња, од кои некои на некој начин беа поврзани со Евровизија, било како учесници на овој престижен континентален музички фестивал, или како учесници на национални избори. Ладо Лесковар , Тони Цетински , Маја Сар , Бојана Стаменов , Марко Тољ, Сашка Јанковиќ, Борис Режак , Кристијан Рахимовски (син на неодамна починатиот водечки вокал на „Парни ваљак“ Акија Рахимовски, Бојан Маровиќ, Јасна Госпиќ и Бојана Машковиќ .
Победник на Белградска пролет 2022 година, и награда од 300.000 динари по одлука на публиката, е песната Ја чувам љубовта во изведба на Тони Цетински.
Жељко Васиќ го зазеде второто место и наградата од 200.000 динари според мислењето на публиката за песната Компањеро.
Третото место и наградата во износ од 100.000 динари и припадна на песната „Ќе плачеш“ во изведба на Мирза Селимовиќ.
Наградата на жирито за најдобра композиција ја добија композиторите Душан Бачиќ и Дејан Николиќ за песната „Атлантис“ во изведба на Кристијан Рахимовски.
Според одлуката на жирито, најдобри изведувачи на фестивалот се Бојана Стаменов и Марко Тољ, кои ја изведоа песната „When You Say Love“.
„Не можам сега да бидам нескромен и да кажам дека не очекував никаква награда, бидејќи песната е навистина добра. Им благодарам на сите оние ветерани кои штом ме видоа ми рекоа: поздрави го татко ти. Тоа се тие пријателства кои навистина ме трогнаа, кога луѓето се пријатели сите тие педесет години кога татко ми настапуваше овде, тоа е одлична работа“, изјави Тони Цетински, после победата на фестивалот.
„Белградска пролет“ е култен музички фестивал кој го започна својот живот во далечната 1961 година под организациона капа на Здружението на музичари на поп, џез и рок музика. Фестивалот под тоа име имаше континуитет во одржување до 2000 година, а потоа беше затворен во 2001 година.
Да потсетиме, единственото жири на првиот фестивал кој се одржа два дена по ред на 17 и 18 април 1961 година во Домот на синдикатите беше публиката. Тогаш на првата пролет настапуваа најпопуларните пејачи на популарна музика во Југославија: Ѓорѓе Марјановиќ, Предраг Гојковиќ Цуне, Тереза Кесовија, Лола Новаковиќ, Нада Кнежевиќ, Душан Јакшиќ, Радослав Граиќ и Марко Новосел.
Победник на првата белградска пролет беше песната „Ангелина“, чии верзии ги пееја Ѓорѓе Марјановиќ и Радослав Граиќ, авторот на песната.
Второто место го освои Ѓорѓе Марјановиќ со песната „Нека помине зимата“, додека третото место му припадна на Марко Новосел кој ја изведе песната „Бранови“.
278794325_1169917153838385_3361521089471054990_n (1)

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *