ВО НЕДЕЛА, НА 8 МАЈ, ВО ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ЌЕ СЕ СПРОВЕДЕ ЕКО-АКЦИЈАТА „ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД„

Општина Гевгелија по втор пат ќе биде дел од еко-акцијата „Генерелка викенд- За чисто како дома исто“ на Мен енд Маунтен.
Генералка викенд, е организирана еко акција, за чистење на сопствената околина и засадување нови садници дрва, по принципот едно дрво за секои 10 килограми собран отпад и истата се реализира во повеќе општини. Целта е да се собере што е можно повеќе отпад, да се засадат нови дрва и да се подигне свеста за животната средина.
Ве покануваме заеднички да земеме учество и доброволно да учествуваме во акцијата и да дадеме сопствен придонес во расчитување на една од одредените локации.
На акцијата ќе земат учество вработени од Општина Гевгелија, ЈПКД „Комуналец“-Гевгелија, вработените од образовните институции , претставници од невладините организации претставници од спортски клубови и сите граѓани кои сакаат да учествуваат.
Еко-акцијата ќе се одржи во Недела, 8 мај, 2022 година на повеќе локации и тоа кај поранешната Касарна; Археолошки локалитет Вардарски Рид и Влез во Гевгелија долж појасот покрај автопатот, со почеток во 09:00 часот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *