„Четки, бои, малку фантазија и многу љубов- резултатот е видлив. Едукативни содржини од сите области: математика, јазична писменост, природни науки, географија, музика, спорт, уметност…Цртавме во ходниците, училниците, по скалите, ѕидовите, во училишниот двор…Бетонот оживеа, а училиштето стана пријатно место за престој на учениците. Ние сме задоволни, а Вие ќе нè посетите и ќе го изразите Вашиот впечаток,“ вака го изрази своето задоволство наставничката Анамарија Митриќеска Кал,чева од успешно завршената работа со учениците од 8 одделение.
Низ работа, забава и смеење со учениците успеавме да направиме нешто многу убаво.
Радосни сме сите, потенцира Анамарија, јас како наставничка, но уште порадосни се мислам децата, како и наставничкиот персонал на училиштето.
„Се работи за проект од ликовното образование „Едукативна декорација на училишниот простор во ООУ Ристо Шуклев, Негорци” со кој училиштето аплицираше на повикот од Општина Гевгелија. Овој проект, како што вели директорката Жаклина Линкова, започнат е во септември месец, но ќе продолжи да се спроведува и во наредниот период.“
Нам ни преостанува само да ги пофалиме сите оние кои учествуваа во овој проект, и да посакаме и другите училишта да го следат примерот на ова училиште.