ДЕНЕС И ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА СЕ ВКЛУЧИ ВО ЕКОЛОШКАТА АКЦИЈА„ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД“

Денес и Општина Гевгелија се приклучи на акцијата „Генералка Викенд 2022“, заедно со други 25 општини во Македонија. Утринава, од 9 часот беа организирани акции за чистење на повеќе локации и тоа кај поранешната Касарна, Археолошкиот локалитет „Вардарски Рид“ и на влезот во Гевгелија, долж појасот покрај автопатот.
 
Во оваа акција свое учество зедоа вработените во Општиона гевгелија, ЈПКД „Комуналец“-Гевгелија, преставници на невладини организации, спортски клубови, како и граѓани на општината.
„Целта на оваа акција е да придонесеме во подигнување на јавната свест на нас, граѓаните од Општина Гевгелија кои треба што повеќе да размислуваме за хигиената и чистотата на градот Гевгелија и населените места, изјави градоначалнико Андон Сарамандов, кој и самиот се вклучи во собирање на отпадот кај поранешна Касарна.
 
Иако акцијата е повеќе симболична, таа ја пренесува пораката до граѓаните од собирање и рециклирање на отпадот со што сите заедно треба да придонесеме за зачувување на животната средина секојдневно, а не само еден ден во годината“
Генералка викенд“ е еко-акција во организација на Пивара Скопје, Пакомак и Мен енд маунтен, а со поддршка од Министерството за животна средина и Министерството за земјоделство, за чистење на сопствената околина и засадување нови садници дрва, по принципот едно дрво за секои 10 килограми собран отпад .

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *