НАД 1.600 НАТПРЕВАРУВАЧИ, МЕЃУ КОИ И 11 ОД АК „7-МИ НОЕМВРИ“ ДЕНЕС ТРЧАА НА „HALKECO SKOPJE RUN 10 KM“

Во организација на Сојузот на спортови на Скопје, заедно со Атлетскиот Клуб Работнички и HalkBanka, под покровителство на Градот Скопје и Агенцијата за Млади и спорт, се одржа 6-то издание на „HalkEco Skopje Run 10km“.
 
 
Над 1.600 натпреварувачи, истрчаа 10 километри, а почетокот и целта на трката беше фонтаната „Лотос“ во скопскиот Градски парк.
 
На оваа трка, која е во склоп на „Wizz Air-Скопскиот маратон”, учествуваа и 11 атлетичари на АК „7-ми Ноември“ од Гевгелија, Цеца Србова и Русимка Динева во женска конкуренција, и Ристо Чалков, Никола Ковачев, Дарко Прошевски, Живко Петков, Ангел Делиќ, Мијалчо Андоновски, Димче Андреев и Мики Петровски во машка конкуренција.
 
Цеца Србова со време од 55 минути и 17 секунди се пласираше на 74 место во женска конкуренција додека Ристо Чалков кај машките беше одличен 36 со време од 39 минути и 11 секунди.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *