10 МАЈ – МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ФИЗИЧКАТА АКТИВНОСТ. ВЕЖБАЈТЕ И РЕКРЕИРАЈТЕ ЗАРАДИ ВАШЕТО ФИЗИЧКО И ПСИХИЧКО ЗДРАВЈЕ

Локалните власти имаат клучна улога во создавањето на средини и можности за физичката активност и активно живеење. Градските власти и други носители на одлуки можат да обезбедат лидерство, легитимитет и поволно окружување за развој и спроведување на политики кои го поддржуваат активното живеење за сите граѓани.

Редовната физичка активност, како што се пешачењето, возењето велосипед или танцувањетo, не само што ве прави да се чувствувате добро, туку има и значајни придобивки за здравјето. Физичката активност го намалува ризикот од кардиоваскуларните заболувања, дијабетесот и некои видови на рак, помага во контролата на тежината и придонесува за ментална благосостојба. Учество во физичката активност ги зголемува можностите за дружење и чувство на припадност во заедницата.

Активното живеење е корисно за здравјето на било која возраст, но тоа е особено важно за здрав развој на децата и младите и може да направи значителна разлика за доброто на постарите луѓе. Додека, физичката неактивност и седечкиот начин на живот се два водечки ризик фактори за здравјето и се причина за околу еден милион смртни случаи во Европскиот регион на СЗО.
 
Децата и адолесцентите на возраст од 5-17 години треба да имаат минимум 60 минути умерена до енергична физичка активност на ден.
На возрасните од 18 до 64 години им е потребно аксимум 150 минути физичка активност со умерен интензитет или минимум 75 минути енергична физичка активност во текот на неделата
Возрасни над 65 години за добро здравје треба да практикуваат максимум 150 минути умерена физичка активност или 75 минути енергична во текот на неделата е доволно за одржување во здрава форма.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *