ПЕНЗИОНЕРИТЕ ОД ГЕВГЕЛИЈА НА МАНИФЕСТАЦИЈАТА „РЕВИЈА НА ПЕСНА, МУЗИКА И ИГРИ“ ВО КАВАДАРЦИ

Пензионери од 8 општини од петтиот, Повардарски регион, денес, во Кавадарци, учествуваа на 20-та по ред манифестација „Ревија на песна, музика и игри”. На ревијата настапија пензионерите од Гевгелија, Богданци, Дојран, Валандово, Демир Капија, Неготино, Кавадарци и Велес.
На оваа традиционална манифестација, Здружението на пензионери од Гевгелија настапи со две песни, „Ој ти моме чудо ли си“ и „Земјо Македонијо“, во исполнение на пејачката група „Сава Михајлов“ и придружниот оркестар, како и со една рецитација на песна напишана од Јана Узунова.
Организатор на настанот беше Сојузот на здруженија на пензионери на РМ, а домаќин беше кавадаречкото Здружение на пензионери.
Организирани во 8 регионални асоцијации пензионерите во Македонија редовно ги одржуваат овие манифестации од музички карактер на кој пеат, свират, играат и си го прават животот поубав.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *