ЗАПОЧНАА ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТИ ЗА ДОИЗГРАДБА НА ПАТОТ ДО УМА

Денеска започнаа градежните работи за доизградба на патот , во должина од 800 метри ,до населеното место Ума. Градончалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов при тоа истакна дека дел од делницата на патот до Ума беше асфалтиран во 2010 година, а со овој зафат целосно ќе биде асфалтиран патот до оваа населба.
 
Со тоа, потенцираше Сарамандов, не само што ќе се подобри сообраќајната врска до Ума, туку ќе се создадат услови за побрз развој на руралниот туризам на ова населено место, кое располага со големи потенцијали.
 
За реализацијата на овој проект се предвидени 6.700.000 денари, од кои Југоисточниот плански регион преку Бирото за регионален развој обезбеди 5.200.000 денари, додека Општина Гевгелија од својот буџет ќе одвои 1.200.000 денари

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *