ДЕНОТ НА МАКЕДОНСКОТО ЗНАМЕ – 15 МАЈ

Македонија на 15 Мај го одбележува Денот на македонското знаме. Иако овој датум сѐ уште не е означен како официјален државен празник, од 2010 година тој се празнува и одбележува од Македонците низ светот. Знамето, заедно со химната и грбот, е суштествен државен белег на секоја земја и обележје со кое се идентификуваат секој народ и држава. Во суштина,
Владата во 2010-та, со одлука на седница, воведе практика за свечено подигање на нашето знаме пред институциите. Оваа практика, за жал, поради големиот број политички процеси никогаш не заживеа во доволна мера или, поточно кажано, таа повеќе заживеа на социјалните мрежи и кај граѓаните отколку што чинот некогаш стана и официјален празник во Македонија.
 
Актуелното македонско државно знаме е усвоено во Собранието, во октомври 1995 година. Идејата за знаме на Македонија се јави неколку години претходно, веднаш по осамостојувањето на државата, кога тогашните парламентарци ја навестија промената на поранешното републичко црвено знаме со петокрака.
 
По независноста, Македонија имаше првобитна верзија на нашето знаме како црвено знаме со 16 краци и сонцето од Вергина-Кутлеш, но по дипломатскиот притисок на Грција и по потпишувањето на Привремената спогодба со соседот, на 5 октомври 1995 и два дена по атентатот врз тогашниот претседател Киро Глигоров, земјата го доби денешно знаме со шест краци, кое е избрано на јавен конкурс, како предлог на академскиот сликар Костадин Танчев-Динка.
Во моментов, актуелното македонско знаме се вее на јарболите пред ОН во Њујорк и во седиштето во Брисел на најмоќната воена алијанса НАТО.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *