ГЕВГЕЛИЈА ВО ЈУЛИ ЌЕ БИДЕ ДОМАЌИН НА МЕЃУНАРОДЕН КОШАРКАРСКИ ТУРНИР

Гевгелија ќе биде домаќин на Меѓународниот кошаркарски турнир на репрезентациите М-18 од соседството. Од 14 до 17 јули, годинава, во спортската сала „26 Април“ во Гевгелија ќе се одржи турнирот, на кој ќе настапат кошаркарските репрезентации М-18 на Македонија, Грција, Бугарија и Црна Гора. Турнирот е во организација на КК „Кожув“ и Кошаркарската федерација на Македонија.
 
Ова беше договорено на средбата на градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, со Перо Антиќ, претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, во Гевгелија. Со тоа, всушност, беше прифатена иницијативата од страна на гевгелискиот прволигаш и Општина Гевгелија, Гевгелија да биде домаќин на овој интересен Меѓународен кошаркарски турнир на младите кошаркари од соседството. На средбата стана збор околу подготовките на овој значаен спортски настан, кој се очекува да привлече голем број љубители на кошарката во спортската сала „26 Април“ во Гевгелија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *