ИЗЛОЖБА НА ОТВОРЕНО „НИЗ ОБЈЕКТИВОТ НА ДЕНИ СИНАДИНОВСКИ“

Како најава за концертот на АНСАМБЛ МАКЕДОНИЈА во дворот на црквата „Свети Кирил и Методиј“ на 24.05. 2022 низ центарот на градот Гевгелија е поставена изложба НИЗ ОБЈЕКТИВОТ НА ДЕНИ СИНАДИНОВСКИ, фотографии од концертни активности на ансамблот преку фотоапаратот на уметникот етнокореолог Дени Синадиновски.
 
Изложбата претставува симбиоза на два уметнички сегменти, чија што приказна започнува во 2012 година. Имено во споменатата година се формира Ансамблот Македонија кој е репрезент на македонската традиционална култура. Уште од самото формирање Дени Синадиновски, етнокореолог е дел од Ансамбл Македонија. Првата концертна турнеа на Ансамблот, во Јапонија 2013 година беше појдовната точка за “објективот на Дени”.Во таа година Синадиновски го купува својот прв апарат и почнува да ги фотографира концертните активности на Ансамблот Македонија.
 
Значаен е фактот дека Синадиновски е стручен кадар во доменот на традиционалната култура додека пак фотографирањето е негово хоби. Се чини, тука е главната поента на фотографиите кој тој ги создава. Како познавач на традицијата, воедно и на сценските адаптации на Ансамблот Македонија, Синадиновски успева да ги фотографира клучните сегменти. Во неговите фотографии се забележани детали кои само вистински познавач на материалот може да ги забележи.
 
Прикажани се фотографии од првата концерта турнеа во Јапонија, 2013 година, како и концертни фотографии од годините кои следеа. Објективот на Синадиновски ја забележува и богатата соработка на ансамблот македонија со бигорскиот манастир. Изложбата ги прикажува и бројните телевизиски гостувања на асамблот македонија како и неколку засебни фотосесии на традиционални носии.
Изложбата е поставена во Дом на култура „Македонија“ (Народен театар), како и низ централното градско подрачје се до 24.05.2022.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *