СЕ ЗАКАНУВАТ ЛИ ГЛАД И НЕМИРИ? СВЕТОТ ИМА РЕЗЕРВИ НА ПЧЕНИЦА ЗА УШТЕ САМО 10 НЕДЕЛИ

Светот има резерви на пченица уште само десет недели како резултат на руската инвазија на Украина што го прекина снабдувањето од главната „житница“ во Европа. ОН предупредија дека глобалните залихи на пченица паднаа на најниско ниво од 2008 година, бидејќи залихите се погодени од појава која и се случува еднаш во генерација.
 
Русија и Украина сочинуваат околу една четвртина од светскиот извоз на пченица, а Западот стравува дека Путин се обидува да ги искористи залихите со храна како еден вид оружје. Русија планира силна жетва на пченица оваа година, зајакнувајќи ја контролата на Путин врз основните житни култури бидејќи лошите временски услови го расипуваат нивното производство во Европа и во САД.
 
Извршниот директор на Gro Intelligence, Сара Менкер, предупреди дека глобалните резерви на храна се погодени од голем број „вонредни“ предизвици, вклучувајќи недостиг на ѓубрива, климатски нарушувања и рекордно ниски резерви на нафта и жито.
 
Војната го наруши земјоделското производство и доведе до рекордно високи цени на храната во светот, предизвикувајќи страв од немири во земјите во развој. Кризата со пченицата ја влоши Индија, вториот по големина производител во светот, со забрана за извоз на жито и повисоки трошоци за земјоделците – од ѓубрива и добиточна храна до гориво.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *