СО БОГАТА ЗАБАВНА ПРОГРАМА ВО ГЕВГЕЛИЈА СВЕЧЕНО БЕШЕ ОТВОРЕНО СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО МЕЧ ПОКЕР

Синоќа, пред голем број на граѓани од Општина Гевгелија, свечено беше отворено петтото по ред Светско првенство во Меч покер, или Куп на нациите 2022, на кое учествуваат 14 репрезентации. Покрај Македонија, која за прв пат учествува на вака големо натпреварување, на овој шампионат ќе настапат и репрезентациите на Естонија, Германија, Исланд, Индија, Израел, Италија, Казахстан, Литванија, Монголија, Сингапур, Швајцарија, Австрија и на Украина.
 
На почетокот на свечената програма, низ која водеа познатата лото-девојка Марјана Станојковска и спортскиот новинар Горан Милковски, се одржа дефиле на сите учесници на ова првенство, по што секој од капитените пред публиката ги изнесе очекувањата од ова првенство. Се разбира, сите се оптимисти и се надеваат да освојат едно од првите три места, а како ќе биде на крајот, на 27 мај.
 
Во име на Општина Гевгелија и градоначалникот, пред присутните се обрати Мирјана Крстева Массети. Таа им посака топло добредојде на сите учесници и гости во градот кој со право се нарекува портата на Европа. Овој настан има големо значење за општината , особено за развојот на туризмот кој се наоѓа меќу приоритетите на локалната власт.
 
Шампионатот го прогласи за отворен, претседателот на Светската покер федерација, Патрик Нили. Нелсон Мендела, рече тој на почетокот, има кажано дека спортот може да го промени светот на подобро. Затоа нека ова првенство помине во духот на мирот и пријателството помеѓу сите 14 репрезентации учеснички. Тој се заблагодари на гостопримството на хотелот Аполонија и на Општина Гевгелија.
 
Во музичкиот дел на програмата настап имаа браќата Раденови и Наталија Данаилова, фолклорните друштва „Мегдан“ од Богданци“ и „Бојмија“ од Гевгелија, кои го презентираа богатството на македонската фолклорна традиција. Додека близнаците од „Некст тајм“ го затворија музичкиот дел со избор од своите најпопуларни песни.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *