СПЦ ЈА ПРИЗНА АФТОКЕФАЛНОСТА НА МПЦ-ОА И УПАТИ ТОМОС ВО ВСЕЛЕНСКАТА ПАТРИЈАРШИЈА

Поглаварот на Српската православна црква господин Порфириј на денешната заедничка литургија на СПЦ и МПЦ – ОА во Скопје ја призна автокефалноста на Македонската православна црква. На заедничката литургија во Соборниот храм во Скопје тој упати Томос за афтокефалност во Вселенската патријаршија на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.
 
– Благодарение на вашите молитви воспоставивме единство, а сега браќа и сестри ви носиме уште една радост – Светиот архиерејски собор на Српската православна црква едногласно во пресрет на барањето на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Соборот на нашата црква ја благословува и одобрува афтокефалноста на МПЦ-ОА, рече српскиот патријарх Порфириј.
 
Сега, рече Порфирије, синодите на двете цркви треба да ги завршат правните документи, по што ќе биде изготвен официјалниот акт и сите останати православни помесни цркви по канонскиот ред да бидат известени. Патријархот на СПЦ Порфириј очекува дека сите помесни цркви ќе го прифатат автокефалниот статус на Македонската православна црква – Охридската архиепископија.
„Браќа и сестри, ние сме сигурни дека и другите помесни цркви ќе ја поздрават автокефалноста на МПЦ – ОА“ порача Патријархот Порфириј.
 
Македонскиот поглавар г.г Стефан им се заблагодари на членовите на Светиот архиерејскиот собор на СПЦ за признавањето на автокефалноста на МПЦ. Тој во говорот истакна дека црквата е соборна затоа што не се ограничува од никакво место, ниту време ниту народ.
„Црквата не е некаква федерација од помесни цркви, туку од секогаш била една и единствена и обединета од светиот дух, како едно и единствено тело на човештвото. Навистина, Црквата се дели на помали географски целини кои се совпаѓаат со политичките граници кои овој свет ги исцртува за да биде нејзиното раководење полесно. И нашата 80 годишна заложба за самостојна црква никогаш немала за цел да не одвои од телото Христово, туку да ни дозволи и ние како некогаш слободно да можеме да ја извршуваме својата мисија меѓу својот народ ,“ вели г.г. Стефан.
 
Инаку, заедничката литургија во храмот „Св.Климент Охридски“ во Скопје се одвива на Денот на сесловенските просветители светите браќа Кирил и Методиј. Денешната заедничка литургија во Скопје е продолжение на затоплувањето на односите меѓу двете цркви кое почна со заедничката литургија во четвртокот во храмот Св. Сава во Белград. Двете земји и двата црковни народи оваа литургија ја означија како историски чин, со кој се потврди надминувањето на 55-годишниот раскол меѓу СПЦ и МПЦ-ОА и обновувањето на канонското и евхаристиското општење.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *