ПРАЗНИЧНА ПРОГРАМА ВО ПРЕДВЕЧЕРИЕТО НА ПРАЗНИКОТ СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ

Синоќа, понеделник, 23 мај, со Акатист со петолебие кон Светите Кирил и Методиј започна празничната програма на одбележување на празникот на големите словенски сепросветители, Св. Кирил и Методиј.
 
Во дворот на црквата која го носи нивното име, на собраните граѓани им се обрати отец Русе Жековски, кој истакна дека Светите Кирил и Меодиј се оние кои се заслужни што станавме Народ Сесловен, Народ Божји и Света Православна Црква Христова Македонска. Благодарение на нив, ние , рече отец Жековски научивме да читаме и пишуваме, да се изразуваме духовно и интелектуално.
 
Професорката Жаклина Атанасова зборуваше за историјатот на црквата „св. Кирил и Методиј“, која минатата година славеше 125 годишнина од своето постоење.
 
Цркавата, рече таа, според натписот на плочата на источниот ѕид вѕидан над олтарната апсида од надвор., е подигната во 1896 година, Таа е изградена на местото каде што во 1881 година бил изграден параклис. Храмот е обновен во 1946 година. Според својата архитектурна форма, таа е трикорабна градба, со рамни дрвени тавани и со покривна конструкција на две води. Црквата има голем и убав иконостас, чии икони ги работел зографот Димитриј Андонов – Папрадишки. Дверите на црквата се од постаро време и се смета дека се пренесени од старата црква „Света Троица“ или од манастирската црква „Св. Спас“ во Гевгелија и се дело на непознат резбар од XVIII век. Градител на црквата е Андон Китанов.
 
Празничната програма ја потполнија со својот настап, градскиот мешан хор „Гортинија“, исполнувајќи духовни песни, како и „Распеани гевгеличани“ со дел од нивниот репертоар.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *