КАЛИН АПОСТОЛОВ ОД „КК ГЕВГЕЛИЈА“ ОСВОИ ОСКАР НА КАДЕТСКИОТ КАРАТЕ ТУРНИР „LORD 2022“ ВО СКОПЈЕ

Натпреварот за карате оскар, Лорд куп, со прекар Европски кадетско детски карате куп, се одржа по 47-ми пат на 21 мај 2022 година во спортскиот центар во Ново Лисиче „Марко Божиновски” во Скопје.
 
На натпреварот зедоа учество 16 клубови од Македонија, Србија и Бугарија со вкупно 116 натпреварувачи, меѓу кои и Карате клубот „Гевгелија“ чиј тренер е познатиот карате мајстор Живко Аврамов.
Во најтешката конкуренција, за деца родени во 2011 година, во машка конкуренција, со карате оскар се закити Калин Апостолов.
 
По натпреварот, тренерот Живко Аврамов не го криеше своето задоволство од настапот на овој куп:
„Големо е задоволство да се работи со вакви надежни, млади спортисти, кои за прв пат настапија на едно вакво натпреварување. Честитки до Калин, а верувам дека овие деца од идните натпреварувања ќе почнат да се враќаат и со повеќе освоени награди и медали.“

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *