ОД ДЕНЕС ЗАПОЧНА ДА ФУНКЦИОНИРА НОВАТА ВРЕМЕНА ДЕПОНИЈА КАЈ НОВО КОНСКО

Во присуство на градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов, директорот на ЈПКД „Комуналец“, Раско Чочков, како и дел од вработените во Општина Гевгелија, денеска беше одбележан почетокот на функционирањето на новата времена депонија за одлагање на комунален отпад во близина на Ново Конско.
По исполнувањето на сите технички услови и добивањето на Б-интегрираната еколошка дозвола, конечно, после 3 години од изградбата на депонијата, таа е ставена во функција.
 
Како што изјави директорот на ЈПКД „Комуналец“, Раско Чочков, изградбата на оваа времена депонија беше завршена во октомври месец 2018-та година, со помош на УНДП и фининаиски средства од јапонски грант во износ од 960.645 долари. Овие средства беа доделени на општините што беа најмногу погодени од бегалската криза, а депонијата кај Ново Конско цели 3 години беше оставена на забот на времето, и не беше ставена во функција.
По извршените одредени санации, истакна тој, истата денеска ја ставаме во функција, со што практично се става крај на одлагањето на отпадот на постоечката несоодветна депонија кај Сува Река.
 
Новата времена депонија кај Ново Конско, која се простира на површина од 2 хектари, е првата современа депонија за комунален отпад во Македонија, изградена со сите неопходни заштитни мерки за околината. Отпадот секојдневно ќе се компактира и врз него ќе се поставува дневна покривка од земја со цел да се спречи разнесување и запалување на отпадот. Депонирањето ќе се врши во хидроизолирани услови со поставување глина и синтетички непропустливи материјали и во неа нема да се депонираат опасни материи, изјави директорот Чочков.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *