ОТВОРЕН ДЕН ВО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ВО ГЕВГЕЛИЈА, БОГДАНЦИ И ВАЛАНДОВО : УЧИ ПАМЕТНО, РАБОТИ СТРУЧНО

Пред почетокот на уписите во средно образование, кои започнуваат на средината на следниот месец, упатувам апел до полуматурантите добро да размислат во кое училиште ќе се запишат. Ги советувам секогаш да се водат согласно личните желби, интереси и афинитети, но пред сé предвид мора да ги имаат информациите за тоа какво образование се бара на пазарот на трудот и какви слободни места се нудат.
 
Ова го изјави државниот секретар во МОН Анета Трпевска по завршувањето на посетата на средните стручни училишта во Гевгелија, Валандово и Богданци, а во рамки на кампањата „Учи паметно, работи стручно“ преку која во моментов се презентираат новините кои за учебната 2022-2023 година ги нудат средните стручни училишта, креирани низ дијалог помеѓу МОН, општините, училиштата и бизнис заедницата, со голема поддршка од Швајцарската амбасада и проектот „Образование за вработување“.
 
Учениците од овие средни училишта, на идните средношколци им ги презентираа струките, подрачјата и образовните профили кои се изучуваат во нивните училишта. Гостите исто така имаа прилика да ги видат медалите, пехарите и плакетите добиени од големиот број награди кои учениците од овие средни училишта ги освојуваат по одредени предмети.
 
Идејата на целиот овој процес е да се унапреди квалитетот на средното стручно образование преку воведување на дуални паралелки кои даваат многу поголем фокус на практична обука на учениците за сметка на учењето теорија и да се подигне свеста дека овој тип на образование навистина нуди поголема перспектива за младите. Стручното образование овозможува полесно вработување, односно побрз и успешен настап на пазарот на трудот, но и добра основа за понатамошно продолжување на академското образование.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *