АНДОН САРАМАНДОВ:

ДА НИ Е ЧЕСТИТ СПАСОВДЕН, И НЕКА ХРИСТОВОТО ВОЗНЕСЕНИЕ И ПОНАТАМУ ГИ ЗАШТИТУВА ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНАТА И НИ НОСИ ЗДРАВЈЕ, БЛАГОСОСТОЈБА И РАЗБИРАЊЕ
 
Спасовден 2022, патронот на Гевгелија, започна да се прославува синоќа со дефиле на учесниците низ градот кои потоа со староградски песни се претставија на традиционалната манифестација „Распеана чаршија“ што се одржа под отворено небо, на платото пред споменикот на Сава Михајлов.
 
Пред почетокот на манифестацијата, директорката на Домот на културата, кој, под покровителство на Општина Гевгелија е носител на сите настани поврзани со „Спасовден 2022“, м-р Мирјана Крстева Массети ги запозна присутните со овогодишната програма на чествување на патронот на Гевгелија.
 
Свое обраќање пред присутните имаше градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов.Откако потсети дека пред 12 години со одлука на Советот на Општина Гевгелија, Спасовден е прогласен за заштитник на Гевгелија, тој рече:
 
„Нека ни е честит празникот Спасовден, кој го означува Христовото вознесение. Нека донесе здравје, благосостојба, љубов и разбирање . Нека Спасовден и натаму ги штити сите граѓани на Општина Гевгелија и не води кон подобро утре“
 
Повторно, како и секоја година , звуците на староградската македонска песна, која секогаш во минатото била придружник и во добрите и во лошите настани од животот на гевгеличани, го исполниja просторот на платото пред споменикот на Сава Михајлов.
 
Пред насобраните граѓани настапија Распеани Гевгеличани, Распеани Валандовчани, Пеачка група на ЗП Кавадарци ,,Никола Бадев, ВИА Распеани Струмичани и пеачката група на ЗП Сава Михајлов Гевгелија.
 
По „Распеана чаршија“, присутните граѓани имаа можност да погледнат краток документарен филм и изложба „Манастирите и црквите во гевгелиско“

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *