ВО УМА УТРЕ СВЕЧЕН НАСТАН ПО ПОВОД ИЗГРАДЕНАТА КАЛДРМА И ПОСТАВЕНИТЕ “БОКСОВИ”ЗА ОДЛАГАЊЕ ОТПАД

Утре, петок, на 3 јуни 2022 година, во селото Ума, општина Гевгелија, со почеток во 12:00 часот, тимот на Програмата на УСАИД за развој на заедницата, имплементирана од Мрежа за рурален развој на Македонија, во партнерство со Локалната акциска група Бојмија организира настан по повод завршување на првата заедничка акција во селото Ума. 

На настанот ќе се обратат Ерик Мејер, заменик шефот на мисијата во Амбасадата на САД во Скопје и градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов, а помеѓу присутните се очекува да бидат и градоначалникот на Општина Дојран, Анго Ангов, градоначалникот на Општина Богданци, Блаже Шапов и градоначалникот на Општина Валандово, Перо Костадинов како и претставници од граѓанскиот и приватниот сектор од општина Гевгелија. 

За време на посетата, присутните ќе имаат можност да ги погледнат поставените специјализирани станици – „боксови“ за одлагање и првична селекција на отпад, јавниот простор на влезот на Ума кој е исчистен со трајно затворање на дивите депонии во селото, како и доизградбата на дел од главна улица во традиционален стил – калдрма во должина од 185 метри. Во реализација на оваа акција, помеѓу вклучените локални чинители се населението, општествено-одговорни компании од приватниот сектор, граѓански организации и Општина Гевгелија. 

Целта на настанот е промовирање на локалните партнерства помеѓу граѓанскиот, приватниот сектор и локалната самоуправа како и споделување на првичните резултати од овој Проект. Програмата на УСАИД за развој на заедницата го унапредува одржливиот развој на руралните средини во Северна Македонија преку зголемена вклученост на локалните чинители во препознавање и приоретизација на вистинските потреби на заедницата – при тоа потпирајќи се на сопствените ресурси и на зголемениот ангажман на јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор во заедничките социо-економски и еколошки иницијативи.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *