ПРВИОТ ЕКСТЕРЕН ПРЕДМЕТ-МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК И ЛИТЕРАТУРА ГО ПОЛАГАА 143 МАТУРАНТИ ОД СОУ „ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ“

Во саботата, на 4 јуни, во средните училишта низ земјава почна полагањето по првиот екстерeн испит – Мајчин јазик и литература од државната матура за учебната 2021/2022 година. Според податоците на Државниот испитен центар (ДИЦ), за тестот по македонски јазик беа пријавени 11 060, за албански јазик 4308 и за турски јазик 313 матуранти.
 
Во СОУ „Јосиф Јосифовски, за полагање на државна матура беа пријавени 143 ученика и сите го полагаа првиот екстерен испит-Мајчин јазик и литература.
За полагање на матурата, која е услов за запишување на факултет, годинава се пријавиле 15 899 ученици кои завршуваат средно образование. Од нив, 7135 се од гимназии, 8504 од стручни и 260 од уметнички училишта.
 
Полагањето на вториот екстерен испит ќе биде на 13 јуни од 10 часот. Тој е по избор на учениците, а и оваа година најмногу се пријавиле за тестот по англиски јазик – 14 320 кандидати. Математика ќе полагаат 1231, германски јазик 118, триесет кандидати има за тестот по француски јазик, 10 за руски јазик, 15 ќе полагаат филозофија и 100 кандидати се пријавени за естетика.
 
Тие што нема да ја положат државната матура или не во целост, ќе имаат втора можност во августовската сесија. Тестот по мајчин јазик (македонски, албански или турски) ќе биде на 10 август, а на 12 август испитот по изборниот предмет: математика, англиски јазик, француски јазик, германски јазик, руски јазик, филозофија или естетика.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *