МАКЕДОНСКА ПОКЕР ФЕДЕРАЦИЈА:

ПРИМАМЕ ЧЕСТИТКИ ЗА ОДЛИЧНАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА СВЕТСКОТО ПРВЕНСТВО ВО ГЕВГЕЛИЈА.
БЛАГОДАРНОСТ И НА ЛОКАЛНАТА ТВ НОВА
 
Едногласни се сите учесници дека Македонската покер федерација и Македонија беа одлични домаќини на 5тото светско првенство во матч покер. Довербата што ја доби МПФ од страна на International Federation of Match Poker да биде домаќин на еден ваков настан беше искористена на најдобар можен начин да биде промовирана државата и македонскиот Лас Вегас. Самата церемонија на отварањето беше помогната од страна на општината со бина и озвучување како и дел од патните трошкови за учесниците на настанот. 
 
Благодарност до Аполонија хотел & казино кои беа спонзори на сместувањето со полн пансион како и одлични домаќини на натпреварувањето кое траеше 4 дена! Огромна благодарност до професионалните водители на отварањето Горан Милковски и Марјана Станојковска за несебичната поддршка , како и фолклорните групи Бојмија и Мегдан кои со радост ја примија поканата од МПФ за учество на овој голем настан. 
 
Благодарност до Некст Тајм , Иван Раденов и Наталија Данаилова кои ги воодушевија Гевгеличани и странските гости со изведбите на нивните најголеми хитови и за симболични цени дадоа поддршка на МПФ и церемонијата на отворањето. Ексклузивно настанот беше покриен од страна на КАНАЛ5 и репортерот ВЕРА МЕШТЕРОВИЌ.
Сакаме да изразиме благодарност и на локалната ТвНова, за благовремените информации во јавноста пред за и по одржувањето на првенството.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *