УАПСЕН ПЕЈАЧОТ ЛАМБЕ АЛАБАКОВСКИ

Познатиот пејач Ламбе Алабаковски е уапсен како осомничен дека го подметнал пожарот во бугарскиот културен клуб Ванчо Михајлов во Битола.
Утринава министерот за внатрешни Оливер Спасовски објави дека е лишен од слобода 34 годишен битолчанец по извршените претреси, и дека во полициска станица го признал делото. Потоа во изјава за медиумите рече дека полицијата располага со несоборливи докази и за осомничениот ќе се бара притвор.
 
Според соопштенито од МВР, Алабаковски е осомничен за кривично дело „предизвикување општа опасност„ за кое е предвидена затворска казна од шест месеци до пет години.
Музичарот неодмана се врати да живее во Битола, откако претходно 7 години со сопругата и двете деца беше во Америка, и важеше за човек кој не е склон кон конфликти или инциденти.
Влезниот дел од бугарскиот културен центар „Ванчо Михајлов“ во Битола беше запален рано утрината во саботата, а веќе во неделата вечерата Ламбе Алабаковски настапи на Фолк фест Валандово.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *