СЕДУМДЕСЕТ ГОДИНИ ОД ФОРМИРАЊЕТО НА ПЛАНИНАРСКОТО ДРУШТВО КОЖУФ

Вчера, ЗПСК „Кожуф“ одбележа значајна годишнина, 70 години од своето постоење. По тој повод на свеченото одбележување, на платото пред Народниот театар, на заслужни планинари, поединци и институции им беа доделени плакети и признанија за особена афирмација и придонес на ЗПСК „Кожуф“.
 
Постхумно, плакети им беа доделени и на Танчев Ѓорѓе-Гоце, долгогодишен член на клубот и негов претседател, како и на Георги Петков, долгогодишен член на клубот и освојувач на релиси сите поголеми врвови во светот, кој трагично загина во обид да го освои Монт Еверест.
 
Планинарското друштво Кожуф од Гевгелија е формирано во далечната 1952 година, од гевгеличани, преживеани борци од НОБ, а за прв претседател на ова планинарско друштво беше избран прекалениот борец Тодор Георгиев – Митре од Гевгелија. Основачи на ова друштво беа поранешни борци затоа што борците од НОБ многу добро ја познаваа планинината Кожуф од нивните воени денови.
 
Откако се формира планинарското друштво, набргу се изгради и планинарскиот дом Висока Чука, кој тоа време беше сопственост на Шумското стопанство Кожуф од Гевгелија. Во прво време овој дом беше користен како престојувалиште на бројните работници од гевгелиското шумско стопанство, кое во тоа време почна организирано да врши сеча и собирање на огревно дрво.
 
Првите планинарски маршеви поинтензивно почнаа да се организираат од 1974 година, кога за претседател беше избран Ристо Танев а за секретар Димитар Ичоќаев. Во тој период се организираа искачувања на скоро сите планини и планински врвови на просторите на поранешна Југославија, како и во соседните држави Бугарија и Грција.
 
Во изминатите 70 години од постоењето на планинарското друштво, членовите имаат реализирано, покрај планинарски маршеви и неколку алпинистички експедиции, како на Балканот, така и во Европа и на другите континенти. ПД Кожуф може да се пофали со искачување на највисокиот врв во Европа Мон Блан, Андите во Јужна Америка со највисокиот врв Аконгаква, највисокиот врв во Африка Килиманџаро, како и планината Кавказ со највисокиот нврв Арарат.
 
Во 2010 година, со голема помош на општина Гевгелија, во селото Конско беше пуштен во употреба планинарскиот дом Томе Шутов-Кротки, во чест на познатиот планинар од село Стојаково кој учествувал во сите поголеми планинарски походи и искачување на повисоките планински врвови..
Секоја година, во чест на планинарот Петар Илиевски се организира и меморијален марш со искачување до селото Ума и Смрдлива вода. Инаку, Петар Илиевски, планинарите повеќе го познаваат како чичко Перо поштарот, бидејќи беше вработен во гевгелиската пошта, а до последниот здив учествувал во сите маршеви и експедиции.
 
Во 2018та Планинарското Друштво се усогласува со новиот закон за спорт и од Планинарско Друштво се преименува во Здружение Планинарски Спортски Клуб КОЖУФ Гевгелија. Клубот денес брои 200 членови, и организира планинарски акции секој викенд од локален, републички и меѓународен карактер, а просекот на членови кои учествуваат на акциите е 25.
 
Како Здружение активно повеќе од 70 години ја развива и унапредува физичката култура, а особено планинарството како посебна форма на масовна физичка култура.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *