ГО НЕМА ПОВЕЌЕ МИЦЕ, ПРВИОТ МАКЕДОНСКИ ДИ ЏЕЈ

Утрово по кратко боледување замина во вечноста првиот официјален диск-џокеј во Македонија, легендарниот Михаил Бошковски (82), кого јас а и сите други го познаваа како Мице диџеј. Единствено за него композиторот Димитар Масевски напиша и песна насловена , „Еј, еј, Мице диск џокеј“.
 
Го знам уште од Мусандра, од „старото“ Радио Скопје, каде започна со емисијата „Клуб на дискофили“, и соработник на „Три гонга“, а потоа и од Македонското радио каде водеше евергрин емисии, кои беа неговата омилена музика, снимени на километри и километри магнетофонска лента.
Во овој тажен момент не ми е битно колку плочи имаше во својата колекција, во колку диско клубови работел, од Работнички дом па се до Мусандра, каде што и се пензионираше, колку емисии водел на Македонското радио. Она што ми е најважно е колку љубов имаше во себе за музиката, колку ги сакаше пријателите и колку „убава“ душа поседуваше.
Смртта е страшна работа, но некои луѓе имаат можност да бидат бесмртни затоа што зад нив останува нивното дело. Еден од нив беше и Михаил, Мице Бошковски.
 
Патувај во вечноста, драг мој Мице, а на тој пат нека те придружува музиката на твојата генерација, музиката на Ерик Клептон, Битлси и бесмртниот евергрин на Славе Димитров.
А нам ни останува да буричкаме по своите спомени и да се сеќаваме на твоите емисии „Добар ден , среќен ден“, „Кажи зошто ме остави“,„За сите времиња„, емисии во кои ти, Мице, си ги пушташе песните за своја душа и тоа во твојот стил на најавување – кратко и ефектно.
Затоа, на крајот, кратко, Збогум наш „професоре“ по најубавите предмети Ди џејство“ и водителство.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *