ЛЕКАРИТЕ СПЕЦИЈАЛИЗАНТИ БАРААТ ИСПЛАТА НА НИВНИТЕ ДЕЖУРСТВА И ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ

Лекарите специјализанти бараат премиерот Ковачевски да се вклучи во надминување на проблемот со исплата на нивните дежурства и здравствено осигурување, што како што велат, е запрено од страна на Фондот за здравствено осигурување (ФЗОРСМ) од февруари годинава.
Во нивната реакција меѓу другото се вели:
„Во време каде ширум нашата држава се затвараат цели одделенија низ здравствените установи, како последица на отсуство на медицински кадар, сметаме дека овие средства (кои се веќе помали од просечната плата во РСМ) е повеќе од оправдана причина да бидат исплатени во целост на нашите колеги.
Укинувањето на оваа мерка во пракса значи бркање на младиот лекар од државата како и негативен стимул, за студентите на медицина да ја продолжат својата едукација во рамки на државата, се наведува во реакцијата од Здружението на лекари специјализанти.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *