ГРАДСКИОТ МЕШАН ХОР „ГОРТИНИЈА“ ЌЕ НАСТАПИ НА ФЕСТИВАЛОТ НА ХОРСКА МУЗИКА ВО ТЕТОВО

Со настап на хорови од Србија и Албанија вечерва започнува 31. издание на фестивалот на хорска музика Тетовски хорски одѕиви (ТЕХО), што ќе се одржи во Духовно-културниот центар „Кирил Пејчиновиќ“ во Лешочкиот манастирски комплекс. – На првиот ден од фестивалот, во сабота со почеток од 19.30 часот настапуваат Лесковачка црковно пеачка дружина „Бранко“ од Лесковац, Србија со осум композции, додека девет изведби има мешан хор „БујАрт“ Тирана, Албанија.
 
Останатите хорови настапуваат на вториот ден, недела со почеток од 13 часот, најави претседателот на фестивалот Ивица Зориќ. На вториот ден настапуваат домаќините, градски женски младински хор „Менада“ со пет композиции, додека градскиот мешан хор „Гортинија“-Гевгелија, под диригентство на Илија Атанасов, со три изведби. Потоа следува мешан камерен хор „Рождество на Пресвета Богородица“ Скопје со четири композиции и женски младински хор МКЦ Скопје со шест песни. Фестивалот се затвора со настапот на академски машки гор „Гусла“ од Софија,Бугарија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *