ОД 1 ЈУЛИ СЕКОЈ ГРАЃАНИН ЌЕ МОЖЕ ДА ПРОИЗВЕДУВА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ

Согласно измените на Правилникот за обновливи извори на енергија, како што изјави министерот за економија Крешник Бектеши, секој потрошувач производител, кој може да изгради постројка за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија, ќе може произведената енергија да ја користи за сопствена потрошувачка, а вишокот на произведената електрична енергија го предава во дистрибутивната мрежа.
 
Секое домаќинство, мал потрошувач, правен субјект, посочи Бектеши, од први јули ќе може да почне со вакви инвестиции.
Ова денеска го најави министерот за економија, Крешник Бектеши кој кажа дека ги потпишал измените и дополнувањата на Правилникот за обновливи извори на енергија со кој се предвидува оваа одлука за производство на електрична енергија за сопствена потрошувачка.
 
„Со овој Правилник за обновливи извори на енергија донесен од страна на Министерството за економија кој утре ќе биде објавен во Службвен весник, а согласно реформите кои ги направивме во Законот за енергетика за 2019 година се воведуваат производителите-потрошувачи како нови учесници во пазарот со електрична енергија“, кажа министерот за економија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *