ПРИ КРАЈ Е СТАВАЊЕ ВО ФУНКЦИЈА НА АЛАТКАТА НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ЗА ДОНИРАЊЕ ПОМОШ НА СОЦИЈАЛНО-РАНЛИВИТЕ СЕМЕЈСТВА

Општина Гевгелија неодамна го отпочна проектот „Биди хуман – Донирај“, кој е поддржан од агенцијата на Обединетите нации за бегалци – УНХЦР – а во соработка со ЈУ МЦСР Гевгелија, со кој заеднички ќе се помагаат социјално-ранливите семејства.
 
За таа цел при крај се подготовките за ставање во функција алатка која ќе придонесе за навремено детектирање и евидентирање семејства и поединци кои се нашле во социјален ризик и имаат итна потреба од одреден вид помош (како облека, хигиенски пакети, мебел, покуќнина, електрични апарати, итн.), меѓусебна комуникација меѓу граѓаните, како и достава на потребната помош до ранливите категории.
 
ЈПКД „Комуналец“ излезе во пресрет и логистички ќе помогне во оваа акција со тоа што ќе стави на располагање едно возило за достава на помошта до социјално ранливите семејства.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *