ТОШЕ АНЧЕВ ТРЕТ НА ТРКАТА „ПРЕМИНОТ НА АПОСТОЛ ПАВЛЕ“. НА ТРКАТА УЧЕСТВУВАА 7 АТЛЕТИЧАРИ ОД АК„7-МИ НОЕМВРИ“

Тоше Анчев,Томе Каркалашев, Александра Крајчева, Мијалчо Андоновски, Драган Ристов, Дарко Прошевски и Зоран Иванов ја сочинуваа гевгелиската атлетска експедиција која вечерва учествуваше на 6-та по ред атлетска трка „Преминот на Апостол Павле“.
 
На трката, на која учествуваа над 300 атлетичари, Тоше Анчев заслужено се искачи на подиумот, освојувајќи го третото место. И другите атлетичари од гевгелискиот клуб се задоволни од својот настап.
 
Организатор на оваа трка, во должина од 9.700 метри, е Светата епархија Китрос, Катерини и Платамонас со општината Пидна Колиндрос и Атлетското друштво „ЗЕВС“ од Пиерија.Се работи за прекрасна асфалтна рута која минува низ двете села Метони и Макригијалос.
 
Како што е запишано во Делата на апостолите, на своето второ патување, Апостол Павле поминал и низ Пиерија, на дваесеттина километри од Катерини, каде се зачувани и споменици од тој настан.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *