ТОПЛОТНИОТ БРАН ОД ЗАПАДНА ЕВРОПА ЌЕ СТИГНЕ И КАЈ НАС

Топлотниот бран викендов веќе го зафати Медитеранот и делови од Европа. Во Франција деновиве се измерени 40 степени, како никогаш досега во овој дел на годината.
 
Претходниот рекорд беше поставен во 2003 година, за време на многу опасен топлотен бран,кога беа измерени 40 степени на 21 јуни, цели пет дена подоцна од оваа година.
 
Овој топлотен бран , според најавите на метереолозите ќе стигне и кај нас, некаде кон крајот на идната недела, во четврток и петок, кога се очекува температурите да достигнат и до 38 степени Целзиусови.
 
Инаку, на почетокот на неделата следува период на постабилно време.
Услови за појава на краткотраен пороен дожд понекаде и со грмежи ќе има во понеделник на крајниот југоисток, но и во вторник кога преку денот ќе дува и засилен северозападен ветер.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *