БУГАРСКОТО СОБРАНИЕ ГО КРЕНА ВЕТОТО НО СПУШТИ ЧЕТИРИ НОВИ РАМПИ

Бугарското Собрание му дозволи на премиерот Кирил Петков да го крене ветото за Македонија, усвојувајќи го францускиот предлог за надминување на спорот меѓу Софија и Скопје. Поддршка дадоа 170 пратеници, а само 37 беа против. Сепак, бугарските пратеници, иако дадоа зелено светло за предлогот на Макрон, неговиот текст беше дополнет со уште четири измени кои ги одобрило бугарското МНР.
Тие се :
Eфикасно имплементирање на Договорот за добрососедство,
Европски гаранции дека бугарските услови ќе биде исполнети,
Гаранција за правата на Бугарите во Македонија со нивното вклучување во Уставот и дека
Ништо во пристапниот процес на Македонија нема да биде протолкувано како признавање на македонскиот јазик од страна на Бугарија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *