РЕЗУЛТАТИ ЗА ИСТОРИЈА!

ПРВИ МЕСТА ЗА ТОШЕ АНЧЕВ И АТАНАС ЕПОВ ,
ВТОРО ЗА РИСТО ЧАЛКОВ И ЧЕТВРТО МЕСТО ЗА НИКОЛА КОВАЧЕВ И СТОЈАН ДЕЛЕВ НА ТРКАТА ВО КУКУШ
 
Здружението на здравствени тркачи на Кукуш, со поддршка на општината, во контекст на настаните за ослободување на градот денеска организираше трки наречени „Патот на хероите на Кукуш“: „Патот на хероите на Кукуш“ 10.500 метри, Здравствен пат 4.800 метри и Детска трка. На трките, со до сега најбројна екипа од 27 тркачи учествуваше и АК „7-ми Ноември“ од Гевгелија.
 
Нашите атлетичари постигнаа феноменален резултат, и во двете трки ги освоија првите места. Така, на 10,5 километри прв беше Тоше Анчев, а на 4,8 километри на победничкото место се искачи Атанас Епов. Ристо Чалков беше втор на 4,8 километри а Стојан Делев и Никола Ковачев беа четврти, на 10, 5 и на 4,8 километри.
 
Здружението на здравствени тркачи Кукуш е основано во јули 2015 година. Се состои од група луѓе кои ги обединува нивната љубов кон трчањето. Меѓу целите на клубот се зајакнување на односите и развој на заедничко дејствување на оние кои се занимаваат со трчање или се пријатели на спортот, негување и развој на спортски дух и спортско образование, зајакнување на чувството за општествена одговорност и солидарност . Исто така, поттикнување на интересот за трчање и преку физички вежби придонес за одржување на физичкото и менталното здравје, подобрување на благосостојбата и квалитетот на животот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *