ВНИМАТЕЛНО КОГА СОБИРАТЕ ПЕЧУРКИ. ОВА Е НАЈОТРОВНАТА МАКЕДОНСКА ПЕЧУРКА, ЗЕЛЕНАТА ПУПАВКА

Најотровната печурка кај нас, тоа е зелената пупавка, чие латинско име е Amanita phalloides. Треба да се истакне дека ова е всушност најотровна печурка воопшто во светот, а се среќава и во Македонија.
 
Смртоносната доза е околу 70 грама или едно плодно тело, т.е. една печурка. Овој вид има бела боја на целото плодно тело, додека горниот дел на шапката (чадорчето) е со зеленикаво-жолтеникава боја. Понекогаш кај младите приеморици шапката може да биде бледо зеленикава или речиси бела. Поради тоа, некои аматери ги собираат ваквите примероци како шампињони и со тоа прават огромна грешка, што најчесто завршува со смрт
 
Во изминатите 20 години во Македонија се регистрирани околу 2.000 видови габи, и тоа макромицети (видови чии плодни тела се поголеми од 2 mm), поточно 1.789 кои припаѓаат на типот столпчести габи (Basidiomycota) и 255 претставници од типот торбести габи (Ascomycota). Габите можат да растат на различна подлога (супстрат).
 
Печурките спаѓаат во столпчестите габи, се одликуваат со меки плодни тела и нивниот број кај нас изнесува околу 700 вида. Oкoлу 200 вида од габите во Македонија можат да се користат во исхраната или имаат медицински својства, додека околу 120 вида се отровни. Што се однесува до невротропните габи, во кои припаѓаат и халуциногените габи, кај нас се регистрирани 40 вида, од 216 познати во светот.
 
Во однос на препознавањето на видовите габи во смисла дали се отровни или не, не постои правило, ниту начин или постапка според која кога ќе видиме некој вид габа можеме да кажеме дали се јаде или не или, пак, дали е отровна.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *